27.07.2020 Акцијата на Македонецот против „соседите“ од „Блауграна“, како најдобра во „Ендеса“ лигата Долга сезона е зад Ненад Димитријевиќ како играч на Хувентуд. Дали ќе биде и последната во „зелено-црниот“ дрес на клубот од Бадалона, останува да почекаме... Но она по што ќе ја паметат фановите на Хувентуд оваа 2019/2020 сезона е потегот на македонскиот репрезентативец. Оној на средбата со Барселона, дел од 14.коло на „Ендеса“ лигата, кога едноставно ја измеша одбраната на каталонците по што следуваше лесно положување на противничкиот кош. Доволно овој потег фановите на Хувентуд со гласање на официјалната Фејсбук страница, да го прогласат како најдобар во сезоната во која тимот од Бадалона беше дел од завршниот турнир во „Ендеса“ лигата.