19.03.2020

Федерацијата ќе донесе конечна одлука во најкус можен рок

На денешниот состанок реализиран преку конференциска видео-врска со десетте клубови кои се дел од Првата лига-мажи, беше донесен заклучок, во текот на денот, федерацијата да ги добие сите предлози од страна на клубовите, и за кратко време да донесе конечно решение.

 

На денешниот состанок со прволигашите, реализиран со посредство на конференциска видео-врска, беше договорено во рок од 24.часа, односно до 20.март (петок), до 12.часот, претставниците на десетте клубови од Првата лига-мажи, во писмена форма, да ги достават своите размислувања,предлози, сугестии, барања кои се поврзани со понатамошното функционирање на нашето најквалитетно натпреварување.

По разгледувањето на ставовите на прволигашите, во најкраток рок, во координација со ФИБА, раководството на КФСМ ќе донесе и конечна одлука околу тоа како, и дали ќе се реализира натпреварувањето во Првата лига за сезоната 2019/2020.