02.04.2021

Ветено-реализирано...

Федерацијата обезбеди топки „Wilson“ за клубовите во младинските лиги

Во наредниот период, нашата федерација ги продолжува планираните активности поврзани со подобрување на условите за работата на клубовите кои се дел од младинските лиги во сезоната 2020/2021.

За таа цел, издвоен е дел од планираните финансиски средства со кои е обезбедена одредена количина на кошаркарски топки.

Па во наредниот период, секој клуб кој е пријавен во системот за натпреварување во младинските лиги за сезоната 2020/2021, ќе добие по десет (10) кошаркарски топки од компанијата „WILSON “ (пет (5) со големина „5“ и пет (5) со големина „6“).

Сите клубови кои се натпреваруваат во младинските лиги (машка и женска конкуренција) ќе можат да ги подигнат топките од канцеларијата на младински лиги.