29.10.2017

Фени И. со изненадување во Скопје, втора победа за Куманово

Уште два натпревара вечерва одиграни во рамки на четвртото коло од Првата лига (мажи) кои им донесоа победи на Фени Индустри и на Куманово.

Трикратниот шампион во домашното првенство приреди изненадување в Скопје откако во маратонски натпревар по две продолженија го содлава вицешампионот Карпош Соколи. Кавадарчани резултатски заостануваа речиси целиот натпревар за да во финишот направат целосен пресврт и да ја запишат првата победа за оваа сезона во исто време нанесувајќи им го и првиот сезонски пораз на „соколите“.

Карпош Соколи – Фени Индустри 103-109 (23-20, 18-13, 19-28, 23-22, 20-26)
СТРЕЛЦИ
Карпош Соколи: Ѓуроски (10поени), Лабовиќ (11), Браун (9), Мекфаден (40), Николовски (6), Чомагиќ (5), Колинс (2), Делиќ (16), Сапунџиев (4)
Фени Индустри: Петровски (16поени), Магдевски (11), Мирковиќ (15), Дејвис (30), Пајиќ (14), Марковски (23)

Во вториот натпревар за неделната агенда, Куманово ја совлада Струмица без нималку проблеми откако уште во првиот период наталожи доволно предност за поопуштена игра до крајот.

Струмица – Куманово 66-90 (9-22, 15-20, 16-25, 26-23)
СТРЕЛЦИ
Струмица: Гилберт (13поени), Цветков (3), Тајнс (18), Дајхл (9), Бишоп (10), Абрасев (2), Шајкаров (2), Делипетров (3), Стојменов (6)
Куманово: Раме (6поени), Караџовски (14), Јанески (16), Караколев (15), Штерјов (16), Богданоски (4), Коваќ (3), Стојановски (4), Милковиќ(9), Јосимовски (3)