17.02.2017

Кавадарчани броеја до сто на вториот четвртфинален натпревар од ЛИМАК Купот на РМ

Фени индустри си закажа полуфинале во ЛИМАК Купот на РМ

Кошаркарите на Фени индустри се изборија за уште едно полуфинале во рамки на националниот Куп. Во четвртфинален натпревар, кавадарчани беа подобри од АВ Охрид со 112-69.односно 24-12, 28-19, 34-20 и 26-16 во периоди.

Избраниците на Љупчо Малинков имаа лесна задача против кошаркарите од АВ Охрид за кои ова беше прв пласман на завршниот турнир на Купот на Република Македонија во историјата на постоењето на клубот. Домашната публика им даде ’ветер во грб’ на петмината на паркетот кои ја добија довербата на Малинков да го започнат натпреварот и по нешто помалку од пет минути игра предноста бепе двоцифрена (15-5). Со двојно повеќе дадени поени по една одиграна четвртина (24-12) домаќините имаа доволно голема предност за да си дозволат доза опуштање на стартот на втората четвртина, кога Девин Брукс, најновата аквизиција на Охриѓани, уфрли поени за намалување на седум поени (26-19). Следеше мала криза во редовите на Охрид, па кавадарчани повторни наталожија двоцифрена предност со која се замина за пауза (52-31).

Ништо поразлично не беше ниту играта во вториот дел од натпреварот. Јане Петровски брзо ја прелетуваше противничката половина (шест асистенции) за да ги разигра своите соиграчи. Тоа што на шутерите не им успеваше да биде реализирано, капитенот Кирил Николовски успешно го ’ловеше’ под обрачот (12 скокови). Па така, кавадарчани ја задржаа високата разлика и се доближија на еден чекор поблиску до уште една Куп-титула.

Стрелци на натпреварот:
Фени индустри: Матија Чешковиќ (20 поени), Кирил Николовски (18 поени), Ѓеорги Шарабиѕе (12 поени), Предраг Пајиќ (14 поени), Бобан Стајиќ (11 поени), Бранислав Ѓекиќ (11 поени).
АВ Охрид: Девон Брукс (37 поени), Слободан Михајловски (13 поени)