30.05.2017 Феникс 2010 победи на лицитацијата за организирање на завршниот турнир од првенството во М14 (мажи). Наддавањето се одржа во просториите на Македонската кошаркарска федерација, а Феникс 2010 победи откако вториот учесник на лицитацијата, МЗТ Скопје Аеродром телефонски се откажа од истата. Феникс 2010, Вардар, МЗТ Скопје Аеродром и Партизан Водно Санс за една седмица ќе го одлучат шампионот во М14 возрасната категорија. Завршниот турнир ќе биде одигран на 7. ( среда) односно на 8. јуни (четврток). Во рамки на првата полуфинална пресметка, МЗТ Скопје Аеродром ќе си ги одмери силите со Партизан Водно Санс додека организаторот Феникс 2010 ќе се пресмета со Вардар. Натпреварите ќе бидат одиграни во спортската сала „Методија Андонов-Ченто“ која се наоѓа во скопската населба Маџари. Првото полуфинале ќе се одигра во 17:30 часот додека второто е закажано за во 20:00 часот. Натпреварот за третото ќе се одигра наредниот ден во 17:30 часот додека финалето е закажано за во 20:00 часот.