04.06.2018 Кошаркарите на Феникс 2010 ја освоија шампионската титула во возрасната категорија до 15 години откако во рамки на финалниот натпревар од завршниот турни ги совладаа врсниците од Вардар со 59-70. Третото место им припадна на кошаркарите од Партизан Мулти Шпед кои го совладаа МЗТ Скопје Аеродром. Кошаркарот на Феникс 2010 Горазд Величковски се закити и со признанието за најкорисен кошаркар на завршниот турнир. Целосната статистика е достапна на следниот линк додека снимка од натпреварот е достапна на следниот линк.