30.04.2023 Уште една награда за добрата работа на нашите ФИБА арбитри во изминатиот период Македонија ќе има свои претставници и на двата најважни натпревари во Балканската лига. Оној кој ќе го даде новиот шампион во ова натпреваруавње, но и екипата која ќе го заземе третото место. Алија Феревски ја доби честа заедно со своите колеги Диамантис Лордос (Грција) и Сава Цветковиќ од Црна Гора да го суди големото финале од „Финалните четири“ во Стара Загора кое се игра вечерва од 19.30 часот, а во кое ќе се сретнат израелскиот Хапоел Бер Шева и косовскиот Пеќ. Од 17. часот (по локално, бугарско време) пак ќе се игра т.н. „мало финале“, во кое играат Берое и Милениум, а кое ќе го арбитрира вториот наш судија со знакот на ФИБА, Александер Павлов, заедно со Јоанис Аграфиотис (Грција) и Стефан Кубуровиќ (Црна Гора).