Најава за враќање на кошарката е веста која стигнува од „Куќата на кошарката“ на ФИБА во Мие, која вели дека од наредниот месец, продолжуваат оние Мастерс турнири од „3на3“ Светската серија.
Од ФИБА предвидоа одржување на три турнири.
Првиот ќе биде во Дебрецин, на 29 и 30. август. Потоа следуваат уште два, исто така на добро позната локација, во Букурешт.
Главниот град на Романија ќе ги нагости најдобрите „баскетџии“ на светот на турнирите кои се предвидени за 5-6. септември, односно на 11-12. септември.
Сите дополнителни информации поврзани со одржување на овие турнири како и оние другите кои беа планирани, се разбира, ќе зависат од ситуацијата со пандемијата која ја предизвика присуството на КОВИД-19.
Натпреварите од ФИБА „3на3“ веќе неколку години се реализираат во Дебрецин и во Букурешт. И од Светската кошаркарска федерација се убедени дека со здравствените и сигурносни препораки во овие две земји, како и „водичот за враќање на кошарката“ кој го изготвија претставниците на ФИБА, се ќе помине во најдобар ред.
Ова ќе бидат првите турнири од планираните кои ФИБА сака да ги реализира до крајот на оваа календарска 2020 година. Но новиот календар би бил познат по завршувањето на овие три „ивенти“ во Унгарија односно во Романија.