08.08.2021

На затворањето на турнирот во Скопје, јуниорската селекција на Германија ја совлада Македонија со (97:79)

ФИБА „ЧЕЛЕНЏЕР“ - „ПОД 18“-МАЖИ: Добрата игра не ја крунисавме со втора победа

Добрата игра не ни донесе победа ниту на финалниот натпревар од ФИБА „Челенџер“ турнирот во Скопје. Германија имаше предност, и физичка и играчка, и ја валоризираше со триумф. 

МАКЕДОНИЈА - ГЕРМАНИЈА     79:97

За нецели пет минути од почетокот, Германија направи солидна прендост од (14:5). Имаа и (19:12), се до моментите кога Хот и Mемед почнаа да погодуваат. Хот во рекетот, Мемед од далечина, со асистенција на расположениот Василевски. Доволно за да намалиме, и на истекот на првата четвртина противникот води со (23:19).

Но серијата од шест поени, ја донесе нашата јуниорска репрезентација до првото израмнување (23:23). А проектилите на Мемед и до првото водство. По неговиот десетти поен, Македонија имаше позитива од четири поени (29:25).  А кога погоди Хот за неговиот деветти поен, и (34:31).

Германците беа упорни, постојано ја „спуштаа топката“ во рекетот, каде и имаа доминација во „сантиметри“. Поведоа со минимални (38:36).

Добра работа во нашата игра беше и минималниот број на загубени топки. Само две за 17.минути од играта на последниот меч од „Челенџерот“ во Скопје. Но имавме дури 11. скока помалку во однос на противникот (15 спрема 26).

Сепак, на полувремето, нерешени бројки на семафорот во СРЦ „Кале“ (45:45), по тројката со звукот на сирената на Амар Хот.

Во продолжението на натпреварот, Германија „отвори“ со (6-0), и поведе со (51:45). 

Но Хот продолжи со добрата игра, со неколку реализации донесе израмнување за нашата селекција (55:55) во 27.минута.

Сличен беше и почетокот на последниот период. Германија „побегна“ на плус од девет поени (70:61), а по тајм-аутот на селекторот Василев, наше ново враќање, со пет поени, за (66:70), и германски „прекин“, односно минута за совети како понатаму во финалните шест минути. 

Успешни ако се зеем в предвид дека изградија недостижни (85:71) во рок од нецели три минути. 

На крајот, овој турнир го завршуваме со скор од една победа и четири порази, и си впешаток дека можевме д аимаме уште некоја, освен онаа против селекцијата на Грузија. 

„Црвената фурија“ е најдобра на турнирот

Селекцијата на Шпанија е освојувачот на трофејот кој го доделува ФИБА  на најдобрата екипа на „Челенџерот“ во Скопје за кошаркари „Под 18“ години.

Во мечот кој требаше да биде финале и во кој се сретнаа двете непоразени селеции во претходните четири кола, „црвената фурија“ беше многу подобра од Србија.

Славеше со повеќе од убедливи (68:50) и со максимални пет победи ги заслужи златните одличја кои им ги додели генералниот секретар на федерацијата, Владимир Георгиевски.

МВП е Жорди Стегермајер Родригез

Најкорисен играч на собирот кој во изминатата седмица се одржуваше во СРЦ „Кале“, а заврши вечерва со одигрување на средбата Македонија-Германија, е кошаркарот на Шпанија, Жорди Стегермајер Родригез.             

ФИБА „ЧЕЛЕНЏЕР“ - СКОПЈЕ - ПОД 18-МАЖИ- ГРУПА „А“

РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО

Грузија – Хрватска            72:84

Србија – Шпанија 50:68

Македонија - Германија      79:97

ТАБЕЛА

1.Шпанија   5          5          0          391:293        10

2.Србија       5          4          1          406:349        9

3.Германија            5          3          2          421:381        8

4.Хрватска   5          2          3          417:406        7

5.Македонија        5          1          4          298:359        6

6.Грузија      5          0          5          286:424        5