Игравме тешко во нападот против агресивната шпанска одбрана, во најголем дел од мечот, еден главен, и пресуден момент по која нашата јуниорска селекција го загуби мечот против еден од топ-фаворитите на ФИБА „Челенџер“ турнирот во Скопје.
Одличните дефанзивци максимално ги „покрија“ нашите водечки играчи, во поголме дел од средбата, што имаше и големо влијание“ на крајниот резултат.
МАКЕДОНИЈА – ШПАНИЈА 62:69 (10-16; 9-21; 17-16; 26-16)
На почетокот на натпреварот, трет за нашата селекција на турнирот во Скопје, двете селекции како повеќе да мислеа на оние дефанзивни активности. Повеќе внимаваа на одбраната, макар што шпанската селекција поведе со (7:1), потоа и (10:3), и највисоки (14:6).
Величковски со тројка го сопре налетот на противникот, за (9:14), за првата четвртина фаворитот да ја реши со (16:10).
Тројката на Мемед, го натера шпанскиот селектор по само две и пол минути игра од втората четвртина, да побара тајм-аут. Јасно и поради што, се доближивме на (16:18).
Тоа донесе резултат за Шпанците...
Отворија серија од (9-0) по која се одвоија на највисоки (27:16), по кои реагираше нашиот селектор, исто така со минута одмор. На средина од втората четвртина.
Без ефект, затоа што противникот ја продолжи серијата, дојде до (29:16). Противничката одбрана беше сконцентрирана на нашите најдобри поентери, Наков и Митревски. Долго време бевме на бројката од 17. реализации. Ја промени Митревски, но Шпанија имаше убедливи (37:19) по 20.одиграни минути.
Во третиот дел од играта го поправивме нападот, одржувавме резултатска рамнотежа, но никако не успевавме негативата да ја сведеме на едноцифрена.
По 30.минути од средбата во „Кале“, Шпанците имаа сигурни (53:36).
Обидите ги реализиравме во минута и пол од последниот дел, и серијата од девет поени по ред, дојдовме до минус 10, (45:55). Уште еднаш бевме на исто „растојание“ (49:59), на неполни пет минути пред крајот.
Поминаа уште две за да бидеме под магичната граница. На 2:20 минути до крајот имавме – 7, (55:62). На 1:08, разликата беше уште помала, (59:65).
Петок е ден за одмор за сите шест селекции кои се дел од ФИБА турнирот за кошаркари „Под 18“ години, од групата „А“.
Во четвртото коло кое е на програмата на 7. август, одново од 21.часот, ќе играме против селекцијата на Србија. Една од двете заедно со Шпанија, со максимален ефект (3-0).
Македонија, Хрватска и Германија се на скор (1-2), Грузија е последна со три порази.
ФИБА ЧЕЛЕНЏЕР - СКОПЈЕ - ПОД 18-МАЖИ- ГРУПА „А“
РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО
Хрватска – Германија 69:75
Грузија – Србија 48:91
Македонија – Шпанија 62:69
ТАБЕЛА
1.Србија 3 3 0 268:208 6
2.Шпанија 3 3 0 217:169 6
3.Хрватска 3 1 2 259:238 4
4.Германија 3 1 2 218:244 4
5.Македонија 3 1 2 208:243 4
6.Грузија 3 0 3 156:234 3
ИДНО 4. КОЛО (7.АВГУСТ)
15.00: Германија – Грузија
18.00: Шпанија – Хрватска
21.00: Србија - Македонија