Македонската јуниорска селекција забележа пораз од Србија во четврттиот натпревар од ФИБА „Челенџер“ турнирот во Скопје.
По голема битка, во целиот тек на натпреварот, нашите млади кошаркари не ги издржаа финалните пет минути во дуелот со фаворизираниот противник. И не ја прекинаа победничката серија на Србија, реализирана во претходните три кола од собирот во „Кале“.
СРБИЈА – МАКЕДОНИЈА 88:73
Одлично прво полувреме одиграа нашите јуниори во дуелот со непоразената селекција на Србија.
Апсолутно израмнети 20.минути во кои Србија имаше двоцифрена предност. Во 7.минута имаа плус 10 (18:8). Но со серија од (14-5), до крајот на првиот период, нашите момчиња стигнаа на „половина кош“ негатива (22:23).
Во продолжението, уште поизрамнета игра во која ниту една од двете селекции не реализира, опиплива предност. По поените на расположениот Мемед, Македонија поведе за прв пат (28:27) во 14.минута. Токму Мемед, со помош на борбениот Хот, го одржуваше тој егал резултат.
По неговата реализација, повторно имавме плус еден (33:32).
Но имавме проблеми со реализацијата на слободните фрлања. Само (10/18, или нешто преку 50%) што противникот и го искористи да дојде до (40:36) на влезот на последната минута од првото полувреме, кое заврши со уште повисока позитива за противникот (44:37).
Минути во кои двоецот Мемед-Хот реализираше 19, од вупно 37.поени за нашата селекција.
Но со по три поени, Богатиновски и Митревски одново нè доближија до нерешен скор (46:47), по нешто повеќе од четири одиграни минути од третата четвртина. Серијата (7-0) ја продолжи Хот, за нерешени (47:47), а тројката на Митревски, втора во серија, ни донесе нов „минималец“, (50:49), по 26.минути игра.
Имавме и плус од три поени (57:54), но српските јуниори направија мини серија од пет поени за (59:59), пред Митревски со својот 16.поен, да донесе идентичен скор (59:59), по три одиграни четвртини.
Таа одлична четвртина ја решивме во своја корист со (22:15). Иако заостанувавме според бројот на остварени скокови (28 спрема 40).
Шесте неодговорени поени од наша страна и донесоа на Србија водство од (65:59). Кога почнавме да го стигнуваме, по една реакција на лоша судиска одлука, уследи техничката грешка на нашиот селектор Василев, втора за него на мечот.
Гостите профитираа, за (68:62).
Но и без предводникот од клупата, нашите млади кошаркари не со откажаа, напротив... Продолжија со бескомпромисната борба за секој поен.
Но не го издржаа „притисокот“ на „надворешните фактори“ на кои и претходно реагираше Василев.
Фаворитот дојде до победата четвртта на турнирот, за одржување на максималниот ефект.
На последниот ден од турнирот во Скопје, во недела, од 21.часот, ќе играме против се подобрата селекција на Германија, која денеска ја декласираше Грузија (106:58). На вториот меч од програмата, Шпанија ја победи Хрватска, и тоа убедливо, со (96:74), па утре од 18.часот, против Србија ќе одлучуваат за победникот на „Челенџерот“.
ФИБА „ЧЕЛЕНЏЕР“ - СКОПЈЕ - ПОД 18-МАЖИ- ГРУПА „А“
РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО
Германија – Грузија 106:58
Шпанија – Хрватска 96:74
Србија – Македонија 88:73
ТАБЕЛА
1.Шпанија 4 4 0 323:243 8
2.Србија 4 4 0 356:281 8
3.Германија 4 2 2 324:302 6
4.Хрватска 4 1 3 333:334 5
5.Македонија 4 1 3 219:262 5
6.Грузија 4 0 4 214:340 4
ИДНО 5. КОЛО (8.АВГУСТ)
15.00: Грузија – Хрватска
18.00: Србија – Шпанија
21.00: Македонија - Германија