18.07.2021

Имавме два напади за победа, но не ги реализиравме, запишавме пораз од (62:63) и останавме на последната позиција

ФИБА „ЧЕЛЕНЏЕР“ - СКОПЈЕ: За крај, несреќен пораз од Косово

Имавме два напади за победа, но не ги реализиравме, запишавме пораз од (62:63) и останавме на последната позиција

КОСОВО – МАКЕДОНИЈА           63:62

Доста израмнети беа двата противници во првата четвртина од последниот натпревар на ФИБА „Челенџер“ турнирот во Скопје. Но со двата поени на Митрева, по десет минути игра, Македонија имаше водство од (15:13).

Вториот период тргна со серија од седум поени на гостинките од Косово, кои го превземаа водството (20:15). Тројката на Митрева ја прекина серијата на противничката екипа, а Секуловска донесе нерешен резултат (20:20).

Но за кратко затоа што младата селекција на Косово одново „спои“ шест поени во серија, и стигна до највисоки (26:20) во првото полувреме.

По истиот рецепт, со пет поени по ред, се доближивме на (25:26). Но противникот водеше со (29:25) на полувремето.

Во второто не го искористивме нашиот најдобар период од играта на завршниот меч од турнирот во Скопје. Со серија од (9-2) преминавме во водство (55:52), на нецели шест минути до крајот.

Се претворија во драматични. Екипите се менуваа во водството. На 27. секунди пред крајот, Укај погоди за (63:62).

Имавме два обиди, две шанси да стигнеме до триумфот. Но потенцијалните удари за победа не го искористија, прво Максимовска, а потоа и Поп-Стојанова, па победата ја запиша Косово.    

„ЧЕЛЕНЏЕР“ –  „ПОД 20“- ЖЕНИ - СКОПЈЕ

РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО

Луксембург – Романија 59:73

Косово – Македонија     63:62

ТАБЕЛА

1.Словачка  4          4          0          287:181        8

2.Романија 4          3          1          283:252        7

3.Луксембург         4          2          2          276:252        6

4.Косово      4          1          3          262:304        5

5.Македонија        4          0          4          216:295        4