Тешко го почнавме првиот меч на турнирот. Во првите дваесет минути имавме мака да ја поставиме нашата игра. Но во продолжението, кога почнавме да погодуваме од далечина, стигнавме до планираната цел – победа над, сепак, скромниот состав на Луксембург.
МАКЕДОНИЈА – ЛУКСЕМБУРГ 73:57
Полувреме кое не може да се опише како задоволително. Во никој случај, особено во оние офанзивни активности. Имавме проблеми во нападот, особено во шутот за три. Нашите млади кошаркари погодија само 2 од 17 обиди вредни за три поени.
Го имавме Димитровски кој иако се пожали на повреда, продолжи да игра, реализираше десет поени. По осум, во тоа прво полувреме за заборав, имаа Митевски (ги погоди двете наши тројки) и Иванов.
Единствено добро во нашата игра, беше бројот на освоените топки – 11, за 20. минути од играта во која противникот имаше дури 17.загубени топки, но и подобра реализација од поле во однос на нашата (40% спрема нецели 31%).
Луксембург имаше дури 12 скока повеќе во однос на нашата селекција (32 наспроти 20).
Но на одморот отидовме со два поени „вишок“ (37:35)...
Уште посиромашна, со поени, бее третата четвртина од нашиот премиерен настап на турнирот во Шопрон. Едвај по десет поени имаа двете селекции за девет минути од играта. Највисоки (49:45) имаве по двете реализирани слободни фрлања на Наумоски.
Но последниот период, сепак, го дочекавме со минимални (49:47), кои ги имавме и по два периоди од играта.
По поените на нашиот најдобар играч на оваа средба, Димитровски (негов 17. на мечот), имавме и плус од шест поени (53:47). Тројката на Наумоски, прва за него, нè однесе во „помирни води“ (56:47).
Кога почнаа да погодуваат од далечина, се беше полесно за нашите надежи. По новата тројка, која дојде од Исајловски, Македонија стигна до највидоката позитива од 13.поени (62:49), кога до крајот останаа да се доиграат 5:33 минути.
Тоа беше и најавата за првиот успех на турнирот во унгарскиот град.
Во следниот круг од натпреварите групата „Д“ од „Челенџерот“ во Шопрон, утре попладне, во истиот термин, од 16.30 часот, играме против селекцијата на Романија,.