Македонската машка младинска селекција не обезбеди место во финалето на ФИБА „Челенцер“ турнирот во Шопрон.
УНГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА 99:44
Во полуфиналниот дуел, селекцијата на домаќинот Унгарија, беше многу подобра селекција од нашата. И утре од 19.30 часот против Белорусија ќе одлучуваат која ќе биде најдобрата селекција во „Д“ групата од ова новоформирано натпреварување на ФИБА.
Нашата селекција „Под 20“ години, во недела попладне, од 16.30 часот, ќе игра во „малото финале“, каде за противник, по втор пат на собирот во Шопрон, ќе ја има селекцијата на Швајцарија.
Унгарците имаа силен почеток во полуфиналето, во првиот период од играта направија голема предност, (29:10), и брзо го скршија отпорот на нашиот младински состав.
Не ја поправивме нашата игра ниту во второто полувреме, напротив, Унгарција направија уште поголема предност. По 20.минути водеа со недостижни (41:17) и се промовираа во финалисти на овој турнир.
Во тоа прво пооувреме поентираа само тројца наши кошаркари. Димитровски имаше осум поени, Иванов шест, а Исајлоски уште три поени – премалку за некои поголеми очекувања.
За доминацијата на Унгарија на оваа средба сведочи уште еден податок. Имаа дури 37 скока, ние -14.
Сето тоа беше доволно „причина“ за селекторот Тони Симиќ во игра да ви внесе и играчите кои досега немаа преголем број на минути на турнирот, како Ѓорѓиев, Мирковски и Груевски.
На крајот, Димитровски со 18. реализации беше нашиот најдобар стрелец, и единствениот кој го надмина двоцифрениот брј на поени.