14.07.2021

Нашиот женски младински состав не успеа да се одбрани од нападите на доминантните Романки (55:78)

ФИБА „ЧЕЛЕНЏЕР“ – СКОПЈЕ: Две добри четвртини, премалку за добар резултат

Една добра четвртина, првата, делумно добра игра во третата, не беа доволни за нашата женска селекција „Под 20“ години да дојде до подобар резултат во дуелот со селекцијата на Романија.

Девојките од Романија ги искористија сите свои предности, најмногу физичките, и стигнаа до првиот триумф на ФИБА „Челенџ“ турнирот кој вчера стартуваше во Скопје.

РОМАНИЈА – МАКЕДОНИЈА     78:55

Со многу поголем ентузијазам, и пред се, желба за надигрување го почнаа нашите девојки дуелот против физички доминантната селекција на Романија.

Избраничките на Димитријевиќ (играа без помошта на Николиќ), не се исплашија од „големината“ на Романките. Им парираа, особено во офанзивните активности, иако противникот го имаше водството, но не поголемо пд шест поени.

Слично беше на истекот на 10.минута, (26:21) за Романија.

Но со серија од (8-0) за прв пат на натпреварот, во нецели пет минути, гостинската селекција отиде на двоцифрени, на високи (34:21), за реакција на нашата клупа.

Првиот кош од игра, (трет во четвртината) го постигнавме дури по седум и пол минути од вториот период за прекин на долгата серија на поени на Романките, (24:40).

Имаа уште повисоки (47:25) на полувремето...

По 15.минути пауза, нашите кошарарки повторно го најдоа оној ритам од првата четвртина. Во најмала рака беа рамноправни со посилниот противник. На истекот од тој трет дел од играта, Романија водеше со (66:41).

Победникот беше познат, па последните десет минути протекнаа во обиди на нашите млади кошаркарки да „симнат“ дел од високата негатива.   

На третиот ден од „челенџерот“, нашата селекција има слободен ден.

А утре, од 17.часот, ќе се сретнат селекциите на Косово и Луксембург, додека во вечерниот термин, од 21. часот, играат Словачка и Романија.

Во првиот меч од вториот натпреварувачки ден, очекувано, селекцијата на Словачка славеше победа над Луксембург (67:47) за максимален ефект – две победи во два натпревари.

ФИБА ЧЕЛЕНЏЕР „ПОД 20“ – ЖЕНИ-СКОПЈЕ

ГРУПА Е

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО

Словачка – Луксембург 67:47

Романија – Македонија 78:55

Косово – слободен

ТАБЕЛА

1.Словачка  2          2          0          138:85          4

2.Луксембург         2          1          1          126:122        3

3.Романија 1          1          0          78:55 2

4. Македонија       2          0          2          110:157 2

5. Косово     1          0          1          38:71 1

ИДНО 3. КОЛО (15. ЈУЛИ)

17.00: Косово - Луксембург

21.00: Словачка – Романија

Македонија - слободен