Женската младинска селекција на Македонија беше блиску, но победата ја однесе Луксембург. Македонските девојки беа рамноправен противник, во најголем дел од премиерниот меч на „Челенџерот“ во Скопје, но на крајот мораше да се помират со неуспешниот старт.
МАКЕДОНИЈА – ЛУКСЕМБУРГ 55:79
Во грч го почнаа првиот меч на турнирот нашите млади кошаркари. Имаа проблеми со организацијата на нападите. Тешко постигнуваа поени. По пет минути дадовме само четири, противникот, Луксембург – 11.поени.
Делумно помогна „раниот“ тајм-аут на селекторот Димитријевиќ. До истекот на првата четвртина намаливме на (10:15).
Нашата серија на поени продолжи со почетокот на вториот период, кога за две минути стигнавме до егал-резултат (15:15). А во следниот напад, преминавме и во водство (16:15). Скоро шест минути го оставивме противникот без реализација. По тројката на Секуловска, водевме и со (19:17).
Играта на „мал број на поени“ траеше до истекот на полувремето. И двете селекции собраа голем број на грешки. Луксембург имаше помалку, играше и поагресивно во одбраната, поведе со (25:22). Но одговоривме на агресијата, дојдовме до ново израмнување (27:27) на влезот на последната минута од првото полувреме.
Но, дополнителен проблем претставуваа четирите лични грешки на стартерите, Тасевска и Николиќ. Со серија од (7-2) Луксембург обезбеди солидни (34:29) на одморот.
Гостинките имаа и плус од 10.поени (45:35), по 26.минути од играта. Но со серија од осум поени (две тројки на Митревска), се доближивме на (43:45).
Но уште еднаш не стигнавме до пресврт. По три четвртини Луксембург водеше со (51:43). А на почетокот на последниот дел одново и со десет поени (53:43). Иако до крајот останаа да се играат цели осум минути, напите млади кошаркарки не успеаја уште еднаш да се „вратат во мечот“.
Тијана Митрева реализираше 16.поени, но имаше и десет загубени топки. Двоен број на поени во нашата селекција имаа и Тасевска односно Секуловска - двете по десет.
Претходно, во првиот натпревар од турнирот во Скопје, селекцијата на Словачка славеше убедлива победа против Косово од (71:38).
На вториот ден од „Челенџерот“, утре, од 17.часот, ќе се сретнат селекциите на Луксембург и Словачка, додека во вечерниот термин, од 21. часот, нашата женска младинска селекција игра против составот на Романија.