Машката јуниорска селекција на Македонија забележа пораз на стартот од ФИБА „Челенџер“ турнирот кој стартуваше денеска во Скопје.
Селекцијата на Хрватска славеше убедлив триумф против нашиот „Под 18“ состав, со кој ги најави аспирациите за првото место на турнирот во нашиот главен град, каде се собрани шест репрезентации во групата „А“ од ова ново натпреварување на ФИБА.
ХРВАТСКА – МАКЕДОНИЈА 108:77 (25-11; 28-18;30-24; 25-24)
По изедначениот почеток, во првите пет минути од играта, кога резултатот беше (10:8) за Хрватска, во наредните пет, гостите направија серија од (15-3), и на истекот на првата четвртина веќе имаа двоцифрен плус од (25:11).
Откако почнавме да погодуваме (пет поени во серија) и намаливме на (16:27), се соочивме со сериозен проблем, затоа што нашиот стартер, по само минута и пол од играта во вториот период, Хот ја доби 4. лична грешка, и мораше да биде повлечен од игра.
Сепак, со тројката на Наков, се симнавме на едноцифрен минус од (19:28). Но ни недостасуваа „сантиметри“ во скок-играта. Го искористи тоа високиот јелавиќ, кој нанижа 14. поени за нешто повеќе одиграни минути на теренот. Добро функционираше и „контрата“ на противникот кој до полувремето изгради уште повисоки (53:29).
Форсиравме шут за три поени, не одеше според очекувањата. Дадовме три тројки од 16.обиди, а имавме 33% на реализација од поле во првите 20.минути.
Во продолжението, барме првите минути, доста поизрамнет беше овој премиерен меч за двете селекции на „Челенџерот“ во Скопје. Но во втората половина од третиот дел, Хрватите притиснаа посилно во дефанзивниот дел, и изградија недостижно водство (73:43). До истекот на четвртината намалиме на (53:75). Но само за кратко, Хрватска одново „побегна“, на (83:53).
Кај нашата селекција, Митревски стигна до 13. реализации, а Наков и Мемед имаа уште по 11.
Утре, во исто време од 21.часот, Македонија ќе игра против селекцијата на Грузија. Претходно, од 15.часот, ќе играат Германија и Шпанија, а од 18. часот, репрезентациите на Србија и на Хрватска.