Нашите јуниорки ја прикажаа својата најдобра игра на „Челенџерот“ во Софија, но Бугарија имаше подобра завршница, што на крајот беше доволно за победа.
МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА 64:55
Добрата игра уште од стартот на натпреварот, беше јасен сигнал дека нашите јуниорки го заборавиле претходниот натпревар, оној против селекцијата на Словенија.
Во дуелот со домаќинот на турнирот, избраничките на селекторот Јелена Антиќ, покажаа дека се подготвени да одиграат добри 40.минути.
Дури и повеќе од тоа, да ја нападнат Бугарија, и во најголем дел, не само да бидат конкурентни, туку и подобри од противникот.
По негативата во која бевме на полувремето (29:38), девојките ја одиграа најдобрата четвртина на турнирот во Софија. Ја решија во своја корист со (17:11), за -3, (46:49) на влезот во последната четвртина. Бевме блиску од израмнување и на 4:14 минути до крајот. (52:56).
Но, тука некаде застанавме, немавме добар финиш.
Утре е слободен ден на собирот во главниот град на Бугарија. Продолжуваме во сабота, од 13.часот, кога во дуелот со селекцијата на Албанија ќе ја (по) бараме новата шанса за прва победа.