31.07.2021

Нашата селекција „Под 18“ години беше далеку подобра од Албанија, славеше со (61:49), ќе бараме успех и против Швајцарија

ФИБА „ЧЕЛЕНЏЕР“-„ПОД 18“-ЖЕНИ: Прва победа за македонските јуниорки во Софија

На четвртиот меч во Софија, дојдоа и првиот успех за нашата јуниорска селекција. Евидентно, со високи мотиви и желба за успех одиграа избраничките на селекторот Јелена Антиќ, и како награда за тоа дојде и првиот триумф на „Челенџерот“

МАКЕДОНИЈА - АЛБАНИЈА    61:49

Нашите јуниорки ја прикажаа својата најдобра игра на „Челенџерот“ во Софија. Она што го најавија на претходниот дуел, против селекцијата на Бугарија, нашите јуниорки го продолжија во натпреварот со Албанија.

Од самиот почеток ја имаа контролата над играта и над резултатот. И да не следуваше мало опуштање во последниот период од играта, оценката за овој прв успешен настап ќе беше и многу повисока. Но треба да се земе в предвид и фактото дека селекторот им даде прилика на сите кошаркарки кои ги има на располагање. 

По релативно израмнетото прво полувреме во кое реализиравме двоцифрено водство од (32:22), се стана јасно во третиот дел од играта. Нашите девојки одиграа многу поангажирано во одбраната. На противникот му дозволија да даде само шест поени. Од друга страна, ние дадовме 21, за повеќе од убедливи и недостижни, (53:28).

По четири одиграни средби имаме скор (1-3).

Утре е последен ден на собирот во главниот град на Бугарија. Продолжуваме повторно од 13.часот, кога во дуелот со селекцијата на Швајцарија и ќе го затвориме учеството на турнирот, со надеж дека ќе бидеме подобри и од соодветката швајцарска селекција.