Женската јуниорска селекција на Македонија го запиша вториот пораз на ФИБА „Челенџер“ турнирот кој деновиве се игра во Софија
СЛОВЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 88:22
Лошиот вовед во овој натпревар ги чинеше висок пораз нашите млади кошаркарки. Тешко се снаоѓаа со пресингот на противничката екипа, имавме сериозни проблеми со организацијата на играта што резултираше со висока негатива на полувремето (45:13).
Не се опоравивме од случувањата во првиот дел од играта. Словенија се покажа како доминантен ривал и со право окарактеризиран како топ фаворит за првото место во оваа група од „Челенџер“ турнирите.
На третиот ден од „Челенџерот“ во Софија, нашата женска селекција „Под 18“ години, утре од 19.часот, игра против репрезентацијата-домаќин, Бугарија.