27.07.2021

На премиерниот меч од турнирот во Софија, Украинките подобри од нашата женска јуниорска селекција (69:52)

ФИБА „ЧЕЛЕНЏЕР“ ТУРНИР - „ПОД 18“-ЖЕНИ: Пораз во добра игра од Украина

Македонската женска јуниорска селекција е поразена од Украина на почетокот на натпреварите од ФИБА „Челенџер“ турнир кој денеска стартуваше во Софија

МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА         52:69

Грешките, вкупно 18, нè чинеа премногу на овој прв меч на турнирот во Софија. Физички посилните Украинки умешно го користеа тоа. Во првите десет минути креираа водство од (22:11), кое до полувремето го зголемија на (42:26).

Во напаѓачките активности предначеше Димитријевиќ која уфрли 11. од нашите 26.поени во тоа прво полувреме. По четири имаа Цветковска и Зафирова.

Третиот период од натпреварот беше и најдобриот за нашата јуниорска селекција. На Димитријевиќ, во поентирањето ѝ се приклучи и Чолакоска, која стигна до бројката од 16. поени.

Македонија се доближи на достижна негатива од десет поени (45:55).

Но во наредните пет минути, Украинките таа предност ја згоемија за исто толку поени (65:50), и го решија овој натпревар во своја корист.

На истекот на 40.минути, Чолакоска застана на бројката од 16.поени, додека Димитријевиќ имаше 15 поени.

На вториот ден од „Челенџерот“ во Софија, нашата женска селекција „Под 18“ години, утре од 13.часот, игра против репрезентацијата на Словенија.