28.04.2023

Трет пат по ред, азискиот континент ќе биде домаќин на Мундобаскетот

ФИБА донесе одлука: Светското првенство во 2027 година ќе се одржи во Катар

По Кина во 2019 и Јапонија, Филипини и Индонезија оваа година, следниот Мундобаскет, оној во 2027 година ќе се одржи во Катар.

Така одлучи ФИБА која за првпат во историјата како организатор ја избра оваа блискоисточна држава.

Катар веќе беше домаќин на Светско првенство во ракомет и во фудбал, па со кошарката ќе ја заокружи организацијата на шампионатите во трите најпопуларни спортови.

Првпат по 2002 година, кога домаќин беше Индијанаполис, комплетното Светско првенство во 2027 година, ќе се одржи во еден град – Доха. Наводно, најважен фактор за изборот на Катар е тоа што сите арени во кои ќе се играат натпреварите ќе бидат оддалечени најмногу половина час.