Ако популарноста се мери според бројот на следбеници на социјалните мрежи, тогаш на глобално ниво, кошарката како глобален спорт, е поставена на високото второ место.
Односно Светската кошаркарска федерација – ФИБА е на втората позиција според „мерилото“ кое го изнесува BCW Global, глобална комуникациска агенција со седиште во Лозана – Швајцарија.
Оваа агенција го истражуваше овој сегмент од светскиот спорт. И дојде до конкретни цифри кога се однесува за популарноста која ја уживаат најголемите олимписки спортски федерации.
На истекот на календарската 2021 година, на првото место е Светската фудбалска федерација. Во овој момент ФИФА има вкупно 41.083.279 следбеници.
ФИБА се наоѓа на позицијата број 2, и тоа со избројани 13.909.368 пратители. Тоа претставува пораст од цели 14% во однос на претходното рангирање на швајцарската агенција.
На третото место на оваа листа се искачија одбојкарите, односно (Woleyball Word) со 9.246.511 следбеници, додека најголем пораст во овој сегмент бележи светската атлетска федерација (World Athletics), која има 8.135.451 следбеник.
Во ТОП 5 на ова светско рангирање кај социјалните мрежа е Светската рагби федерација (World Rugby) која ја следат 6.587.524 пратители.