28.09.2021

Во четвртфиналето од квалификаците во Гронинген, кумановци загубија од австрискиот Гмунден (60:83)

ФИБА ЕВРО КУП: Евро-приказната за кумановци заврши по само 40.минути

Долго време се подготвуваа, а мошне кратко траеше „престојот“ на кошаркарите на Куманово во Европа.

Во четвртфиналето од квалификациската група од ФИБА Евро Купот, која се игра во холандскиот Гронинген, „сино-белите“ загубија од австрискиот Гмунден Сванс.

КУМАНОВО – ГМУНДЕН СВАНС  60:83

Многу брзо влегоа во двоцифрена негатива влегоа кошаркарите на Куманово 2009 во овој дуел. По нецели осум минути од играта имаа двојно повеќе дадени 12 од примени поени – 24! А на истекот на првиот перрид беше слично, (14:27).

Тие минусни 13 само ја усложија работата за нашиот претставник во продолжението на овој прв за нив европски натпревар по подолго време.

Невоиграноста беше и најголемиот хендикеп за „сино-белите“ кои ја бараа својата игра, но не успеваа во тие обиди, барем не во првите 10.минути.

Неколку добри индивидуални акции и реализации кои дојдоа од Зивчевиќ, ја направија негативата едноцифрена. Во 17.минута кумановци беа во заостанување од девет поени (22:31). Но тоа беше само еден краток, добар сегмент од играта на Куманово.

Во два напади австрискиот тим ја врати „стандардната позитива“ од 13.поени (37:24), и го натера тренерот Игор  Ѓорѓиевски на нова минута за одмор, пред финалната од тоа далеку од добро прво полувреме кое го завршија со уште повисок минус (24:39).

Дури беше уште полошо по нашиот претставник откако противнккот направи серија од (13-2), за двојно поголеми (52:26), и по само пет минути од продолжението стана јасно дека ова ќе биде нивиот прв, но и последен европски натпревар во сезоната.

Далеку од европски 40.минути по кој своите мисли кумановци може да ги усмерат кон предизвиците и возбудувањата кои со себе ги носат нашата Прва лига како и натпреварите од Балканската лига кои следуваат во календарот.

Неколку часа порано, елиминација од понатамошните натпревари во ФИБА Евро Купот забележа и вториот наш претставник во ова натпреварување, ТФТ. Во четвртфиналето од квалификацискиот турнир во Краснојарск беше поразен од екипата на Натуртекс Сегед (76:92).