Во вториот европски натпревар, а прв пред својата публика во Битола, кошаркарите на Пелистер стигнаа до историски момент. До својат прва европска победа во постоењето на кошаркарскиот колектив од Битола.
Со многу подобра игра, особено во второто полувреме, спвладан е словачкиот претставник – екипата на Превидза.
И по две одиграни кола, „пелистерци“ се на скор од една победа и еден пораз во групата „Д“, каде лидер е загрепска Цедевита јуниор со максимален ефект.
ПЕЛИСТЕР – ПРЕВИДЗА 90:83
Во првото полувреме публиката во салата „Боро Чурлевски“ виде две различни четвртини. Во првата, резултатска предност остварија гостите од Словачка, кои во тие десет минути се стекнаа со солидно водство (22:18).
Во втората „пелистерци“ настојуваа и успеаа да ја стигнат не така видоакат прендост на противникот. Им успеа тоа некаде во средината на вториот период, кога изедначија на (31:31).
Недолго потоа, избраниците на тренерот Борче Даскаловски преминаа и во водство.
Имаа битолчани четири поени повеќе од Превидза (41:37) на почетокот на 19.минута. Но до крајот на првиот дел, гостите анулираа три поени, и Пелистер мораше да се задоволи со „минималец“, (41:40).
Креиран во голема мерка со помош на Малешевиќ и Прајс кои реализираа по осум поени, и Митревски кој додаде шест.
Но дури по одморот следуваше она најдоброто од кошаркарите на Пелистер...
Заиграа максимално добро во офанзивата, испорачаа дури 27.поени во третиот дел од мечот. Доволно за да се одвојат на висока позитива, односно почетокот на последниот период го дочекаат со резултат (68:56). Дел од играта во кој Прајс запиша уште десет поеени, и Малешевиќ дојде до двоцифрен број на поени- 12, но се „отвори“ и Ленгстон Вилсон кој дојде до 11. реализации за 30.минути.
Кога го „фатија“ ритамот во нападот, се беше полесно за „зелено-белите“, но и за нивните верни фанови. Во последниот период домашниот состав немаше намера да запре. Во 36.минута, Пелистер имаше и плус 20, (81:61), како најава за првиот евро-триумф во премиерното излегување во ФИБА Евро Купот.
Но, гостите од Словачка немаа наамера да се предадат. Напротив, го искористија опуштањето во играта на битолчани. Нанижаа дури 18 поени по ред, со кои сериозно се доближија, подобро кажано намалија на само „еден посед“ (79:81), кога останаа да се доиграат 1:08 минута.
Малешевиќ ја прекина таа „тишина во нападот“. Погоди искусното крило за два напади повеќе,(83:79), но нервозата, дефинитивно, „влезе“ во домашниот тим.
А Малешевиќ покажа зошто треба да е лидер на оваа екипа на Пелиистер, кога беше најтешко, погоди уште еднаш, сега за (85:81). Точка на победата, со тројка, стави Стајиќ (90:83). која ќе се памети долго во Битола!
Својата одлична вечер, Прајс ја заокружи со реализација на 25.поени, Малешевиќ заврши со 18.поени (и 9.скока), а Л. Вилсон имаше 13.поени (и 4.скока).
Во третото коло од групната фаза, кошаркарите на Пелистер ќе гостуваат на Кипар. На 29. октомври во меч од групата „Д“, во Никозија, ќе му гостуваат на Керавнос.