25.03.2021

Место во осумте најдобри, избори и екипата на Балкан која ја предводи екс селекторот на Македонија, Јовица Арсиќ

ФИБА ЕВРО КУП: Комплетирани се четвртфиналните двојки

Денеска и утре ќе се играат натпреварите од последната елиминациска фаза од ФИБА Евро купот – четвртфиналната.

Место во првата „осумка“ во ова второ, според квалитет, натпреварување на ФИБА, се обезбедува преку „т.н. „балони“ кои во овие неколку денови се играа(т) во Ден Бош, Орадеа и Ботевград.

На турнирот во Ботевград, екипата-домаќин, Балкан, која ја предводи поранешниот македонски селектор Јовица Арсиќ, се избори за финалето, односно дуел со руската Парма од Перм. Победникот од овој меч ќе обезбеди пласман на завршниот турнир од ФИБА Евро Купот.

Пред голема шанса е и екипата на Орадеа, која на свој терен ќе се обиде да го изненади италијанскиот состав Реџо Емилија.

На турнирот во Ден Бош, ќе се сретнат белгискиот Монс и полскиот претставник Слам Стал, додека последната четвртфинална двојка ја сочинуваат грчкиот Ираклис и Ирони Нес Зиона од Израел.

ФИБА ЕВРО КУП

ДВОЈКИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Реџо Емилија – Орадеа

Монс – Слам Стал

Балкан – Парма

Ираклис – Ирони Нес Зиона