По премиерното „излегување“ во Европа, односно учеството на квалификацискиот турнир од ФИБА Лигата на шампионите, кошаркарите на Пелистер вечерва го продолжија европскиот пат со првиот натпревар од ФИБА Еврокупот.
Календарот за натпреварување ги однесе „пелистерци“ во Загреб. каде вечерва за противник ја имааа екипата на Цедевита јуниор. Загрепчани беа подобри, на крајот прославија и убедлив триумф
ЦЕДЕВИТА ЈУНИОР – ПЕЛИСТЕР 94:76
Битолчани не ја пронајдоа својата игра на гостувањето на кошаркарски славното место, Домот на великанот Дражен Петровиќ во Загреб.
Од самиот почеток, домаќините воспоставија игра која повеќе им одговара, доста ефикасна, со добра распределба на реализациите. И би се рекло константна, што беше и една од основните причини што како одминуваа минутите, таак и растеше предност на Цедевита Јуниор.
На првиот одмор, домашниот тим водеше со (24:20), на оној вториот, и најдолг, нивната позитива „порасна“ на поголеми (44:35).

Ниту оние 15. минути за одмор и совети како понатаму, не донесоа смена „на теренот“. Пробуваа „пелистерци“, но не успеваа да симнат дел од таа „здодевна“ и постојана негатива.
Напротив, во третиот дел екипата од Загреб додаде уште некоку поени, па последниот период го дочека со уште повисоки (67:53).
Гостите од Битола пробаа уште еднаш, се доближија на -10 (64:74), во средишницата на последната четвртина. Но нивниот налет, со тројка, го прекина Американецот Гејни, за (77:64), кои нешто подоцна, за кратко време, „пораснаа“ и на недостижни (90:69).
Ленгстон Вилсон заврши со дабл-дабл учинок од 17.поени и 12.скока. Митревски дојде од 16.поени, со само еден нереализиран обид од поле (2/2 за три, 3/4 за два поени), Си-Џеј Вилсон заврши со 11, додека Малешевиќ додаде 10.
Во второто коло од групата „Д“, кое е на програмата на 22.октомври, битолчани ќе му бидат домаќини на словачкиот претставник – екипата на Превидза.