28.09.2021

Во Краснојарск, подобри од нив беа кошаркарите на унгарскиот Натуртекс Сегед (92:76)

ФИБА ЕВРО КУП: ТФТ се „проба“во Европа, елиминиран во четвртфиналето од квалификациите

Кошаркарите на ТФТ застанаа на првото европско скалило. На својот историски прв настап во Европа (ако не се земат в предвид ланските игри во БИБЛ лигата), скопските „црно-бели“ запишаа пораз во четвртфиналето од квалификациската група „Ц“ од ФИБА Евро Купот, која се игра во Краснојарск.

На европската премиера, подобра од нив беше екипата на Натуртекс Сегед.

 ТФТ – НАТУРТЕКС СЕГЕД            76:92

Релативно израмнето беше првото полувреме од овој историски меч за екипата на ТФТ. Макар што екипата од Унгарија во поголме дел ја имаше прендоста.

На првиот „мал одмор“ два поени (24:22), на „големиот“ нешто повисоки (50:43).

И иако се обидуваа, „црно-белите“ никако не успеваа да ја симнат разликата во своја корист. Во средината на третата четвртина беа во минус од шест поени (51:57), но избраниците на тренерот Боро Смилковски не направија ништо повеќе од тоа.

Им беше тешко затоа што само тројца кошаркари беа расположени за поентирање. Смит, Хортон и Костоски, кои во тој дел од играта искомбинираа 42 од вкупно 51.поен на тимот од Тафталиџе.

Во 29.минута, Натуртекс Сегед имаше највисоко водство (64:51). Така беше и по три одиграни периоди (68:55) во корист на екипата од Сегедин.

Во првиот, за жал и последен настап во Европа, (барем за оваа сезона) на ТФТ, Амир Смит реализираше 23.поени (и 4.скока), Ландриус Хортон забележа ефект од 21.поен, 8.скока и 3. асистенции, додека пак Александар Костоски заврши со 20.поени (плус 9.асистенции и 7. скока).

Изостана поддршката од другиот дел од тимот, кој, поентерски гледано, даде само уште 12. поени во оној краен ефект.

Премалку за нешто повеќе од учество во четвртфиналето.