По завршувањето на групната фаза, познати се сите 16. учесници на елиминацискиот дел од ФИБА Евро купот во женска конкуренција.
А според полудиригираната ждрепка, формирани се осминафиналните двојки, а и оние за четвртфиналето.
Дел од ова натпреварување од пред извесно време е и Девана Бонер. Македонската репрезентативка е дел од екипата на Елитцур Рамла која за место во четвртфиналето ќе игра против Елфик Фрибург.
Доколку го елиминираат швајцарскиот претставник, составот од Израел во четвртфиналето ќе го дочека победникот од мечот Рејер Венеција-Горзов.
Осминафиналето ќе се игра во четири градови домаќини преку кои во периодот од 16. до 18. март ќе се определат четирите учесници на финалниот турнир кој е предвидено да се игра во периодот од 11. до 13.април.
Местото на одигрување на популарниот „Фајнал-фор“ во оваа конкуренција ќе биде дополнително објавено.
ФИБА ЕВРО КУП - ЖЕНИ
ДВОЈКИ - ОСМИНАФИНАЛЕ
(1) Рејер Венеција (ИТА) - (16) Горзов (ПОЛ)
(2) Рамла (ИЗР) - (15) Елфик Фрибург (ШВА)
--------------------------------------------------------------
(3) Валенсија Баскет (ШПА) - (14) Алуинвент Мишколц (УНГ)
(4) КСЦ Шексзард (УНГ) - (13) Хино Баскет (ФРА)
------------------------------------------------------------------------------------
(5) Елазиг (ТУР) - (12) Белона Кајзери (ТУР)
(6) Спартак Видноје (РУС) - (11) ЕСБВА-ЛМ (ФРА)
----------------------------------------------------------------------------------
(7) Кароло Баскет (ФРА) - (10) Цеглед (УНГ)
(8) Лоинтек Герника Бизкаиа (ШПА) - (9) Сепси-СИЦ (РОУ)