23.04.2021

Четири екипи собрани во Тел Авив, овој викенд ќе го одлучат новиот шампион во второто квалитетно натпреварување на ФИБА

ФИБА ЕВРОКУП: Кој ќе го земе трофејот во „светата земја'?

Од денеска, па во наредните два дена, Тел Авив ќе биде домаќин на финалниот турнир од ФИБА Еврокупот. Четирите најдобри екипи во ова второ, според квалитетот, натпреварување на ФИБА, Стал (Полска), Парма (Русија), Орадеа (Романија) и Ирони Нес Зиона (Израел), ќе одлучат кој ќе биде новиот освојувач на драгоцениот пехар.  

Во полуфиналните натпревари кои стартуваат денеска, од 14. часот ќе играат екипите на Парма и Ирони Нес Зиона. Три часа подоцна, од 17.часот, ќе се сретнат екипите на Орадеа и Стал.

ДВОЈКИ – ПОЛУФИНАЛЕ

ДЕНЕСКА:

14.00: Парма – Ирони Нес Зиона

17.00: Орадеа - Стал