Пораз на скопски Работнишки на статот од квалификациите од ФИБА Еврокупот. Во воведниот натпревар род групата „А“, пред својата публика во СРЦ „Кале, загубија од романскиот Рапид.
По релативно изедначеното прво полувреме, нашиот претставник попушти во продолжението, што гостите од Букурешт знаеја да го искористат и да стартуваат успешно во квалификациите.
РАБОТНИЧКИ – РАПИД 57:87
Се чини дека гостите од Букурешт го отворија натпреварот во СРЦ „Кале“ доста посигурно. Евидентирана беше онаа почетна нервоза во редовите на домапната екипа. Оттука и потепкотиите со реализацијата. Барем во оние воведни пет шест минути во кои Рапид имаше предност, но не повисока од шест поени (21:15)
Но она што беше доста поважно е и фактот дека дури седум домашни кошаркари (кои влегоа во игра во тој дел од натпреварот) успеаја да се запишат во листата на срелците во тој прв период, во кој на крајот, екипата од Букурешт ја задржа предноста, макар и минимална, (21:20).
Доста израмнета беше играта и во вториот период, во кој по тројката на Трајс, во 13.минута, Работнички стигна до нерешен резултат (26:26). Но никокако „бело-црвените“ не успеаја да го „свртат“ во своја корист. Уште еднаш, три минути подоцна, Рапид се одвои, исто така на не баш високи (35:31).
По втор пат во втората четвртина домаќинот на овој квалификациски турнир стигна до егал скор (41:41). Но дозволија уште еднаш избраниците на тренерот Димитар Мираковски противникот да ја врати позитивата на своја страна.
И на полувреме да има водство од (45:41)...
И немаше намера романскиот претставник во ова натпреварување да попушти... Напротив, Рапид дојде и до двоцифрен плус, кој на истекот на третиот период беше 11.поени (66:55).
Негатива со која Работнички и се соочи на „влезот“ на последната четвртина.
Се чини дека како одминуваа минутите, така домаќините како да ја губеа онаа потребна енергија со која и би се обиделе да „се вратат“ назад во натпреварот.
Во 35.минута беа во уште поголеми проблеми, губеа со (57:74).
Рапид издоминира во скокот (имаа дури 15 скока повеќе, а извесно, домашните кошаркари потфрлија и во шутот, особено оној за три поени (нешто повеќе од 17%), што беше евидентирано и во конечниот епилог на овој прв европски меч за Работнички по пауза од шест години.
На крајот, Трајс и Џелетовиќ реализираа по 15.поени, но другите играчи на Работнички вечерва беа далеку под овие бројки .
На вториот ден од квалификациите во Скопје, утре, од 17.30 часот, ќе играат Донар и Рапид, а три часа подоцна, Работнички за противник ќе го има азербејџанскиот Сабах, кој излезе како победник на премиерниот меч против екипата од Гронинген со резултат (75:72).
Утре вечер, од 18.часот, вториот наш претставник во ова натреварување, екипата на Феникс 2010 ќе го игра и првиот европски официјален меч во својата историја.
За противник во групата „Е“ од ФИБА Еврокуп квалификациите на турнирот во Никозија го има домашниот Керавнос.
КВАЛИФИКАЦИСКИ ТУРНИР – ГРУПА „А“ - СКОПЈЕ
РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ
Донар – Сабах 72:75
Работнички – Рапид 57:87
3.ОКТОМВРИ (ВТОРНИК)
17.30: Рапид – Донар
20.30: Сабах – Работнички
4.ОКТОМВРИ (СРЕДА)
СЛОБОДЕН ДЕН
5.ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК)
17.30: Рапид – Санах
20.30: Донар – Работнички
КВАЛИФИКАЦИСКИ ТУРНИР – ГРУПА „Е“ - НИКОЗИЈА
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
3.ОКТОМВРИ (ВТОРНИК)
18.00: Керавнос – Феникс 2010
Рошток – слободен
4.ОКТОМВРИ (СРЕДА)
18.00: Феникс 2010 - Рошток
Керавнос - слободен
5.ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК)
18.00: Керавнос – Рошток
Феникс 2010 - слободен