Бордот на ФИБА Европа ги одобри и датумите за одигрување на Европските првенства за младинските категории кои се поместени за наредното лето.
Претходно, европската зона на ФИБА во екот на пандемијата на коронавирусот, ги откажа сите евро-шампионати за млади категории кои требаше да се одиграат во текот на ова лето.
Тоа воедно значи и дека сите национални тимови остануваат во своите дивизии, односно нема испаѓање во „Б“ дивизијата, но ниту можност за напредување во „А“ дивизијата.
На оние национални федерации кои требаше да бидат домаќини во 2020 година, им е оставена можноста да се пријават за организатори на шампионатите кои се презакажани за 2021 година.
Но со оглед на потенцијалните економски последици од пандемијата, тие земји немаат обврски и следната година да бидат организатори, па можно е дека ќе мора да се распишат нови „конкурси“ за домаќинство.
КАЛЕНДАР НА ФИБА ЗА МЛАДИНСКИТЕ ЕП ВО 2021 ГОДИНА
МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА
У16-ЕП-ДИВИЗИЈА „А“-МАЖИ: од 13. август до 21.август, 2021
У16-ЕП-ДИВИЗИЈА „Б“-МАЖИ: од 13. август до 21.август, 2021
У16-ЕП-ДИВИЗИЈА „Ц“-МАЖИ: од 13. август до 18.август, 2021
У18-ЕП-ДИВИЗИЈА „А“-МАЖИ: од 31.јули до 8.август, 2021
У18-ЕП-ДИВИЗИЈА „Б“-МАЖИ: од 31.јули до 8.август, 2021
У18-ЕП-ДИВИЗИЈА „Ц“-МАЖИ: од 27.јули до 1.август, 2021
У20-ЕП-ДИВИЗИЈА „А“-МАЖИ: од 17.јули до 25.јули, 2021
У20-ЕП-ДИВИЗИЈА „Б“-МАЖИ: од 17.јули до 25.јули, 2021
ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА
У16-ЕП-ДИВИЗИЈА „А“-ЖЕНИ: од 6. до 14.август, 2021
У16-ЕП-ДИВИЗИЈА „Б“-ЖЕНИ: од 6. до 14.август, 2021
У16-ЕП-ДИВИЗИЈА „Ц“-ЖЕНИ: од 13. јули до 18.јули, 2021
У18-ЕП-ДИВИЗИЈА „А“-ЖЕНИ: од 24. јули до 1. август, 2021
У18-ЕП-ДИВИЗИЈА „Б“-ЖЕНИ: од 24. јули до 1. август, 2021
У18-ЕП-ДИВИЗИЈА „Ц“-ЖЕНИ: од 27. јули до 1. август, 2021
У20- ЕП-ДИВИЗИЈА „А“- ЖЕНИ: од 3. јули до 11. јули, 2021
У20- ЕП-ДИВИЗИЈА „Б“- ЖЕНИ: од 3. јули до 11. јули, 2021
--------------------------------------------------------------------------------
ФИБА-ЕП-МАЛИ ЗЕМЈИ-МАЖИ: од 28.јуни до 3.јули, 2021
ФИБА-ЕП-МАЛИ ЗЕМЈИ-ЖЕНИ: од 15.јуни до 20.јуни, 2021
*Датумите се подложни на промени, во зависност од плановите на организаторот