04.12.2020

И вториот „балон“ во квалификациите во женска конкуренција од групата „И“ ќе биде во главниот град на Летонија

ФИБА Европа не менува: Девојките во февруарскиот „прозорец“ ќе играат во Рига

Бордот на европската зона на ФИБА ги потврди градовите-домаќини на следниот натпреварувачки турнир од квалификациите за Еп 2021 година во женска конкуренција.

Она што е особено важно е дека натпреварите од групата „И“ чиј дел е и нашата женска сениорска репрезентација, одново ќе се играат во главниот град на Летонија-Рига.

Во периодот од 31. Јануари до 7. февруари, ќе се играта деветте квалификациски групи. ФИБА Европа определи седум од нив, додека групите „Д“ и „Ф“ дополнително ќе добијат организатори.

Нашата селекција оди на добро познат терен, каде пред неполн месец, се одржуваа натпреварите од првиот „балон“, односно ноемврискиот „прозорец“ на ФИБА. Во салата на Олимписки спортови во Рига избраничките на селекторот Владимир Ѓоровиќ одиграа два добри натпревари против репрезентациите на Хрватска и на Германија. За очекување е да атакуваме и на првиот триумф во овој квалификациски циклус.