Летонија, Кипар и Финска се трите земји кои ќе бидат во улога на организатори на наредниот Евробаскет предвиедн да се игра во 2025 година.
Вака одлучи Бордот на ФИБА Европа, а ги објави имињата на ко-организаторите на наредниот собир на најдобрите кошаркари на Стариот континент.
Летонија ќе биде домаќин во групната фаза, а и финалните натпревари во кои ќе го добиеме новиот европски шампион ќе се играат во оваа земја на Балтикот.
Кипар и Финска се другите два ко-организатори на Евробаскет 2025, и во овие две земји ќе се играат уште две групи од првата фаза.
Тургај Демирел, претседателот на ФИБА Европа, ја остави можноста за отворена, Украина да биде четвртатта земја-домаќин на наредното Европско првенство, и дека следуваат разговори во кои би се нашло дефинитивно решение за овој несомнено голем проблем кој се појави и во светот на спортот, а по борбените дејствија кои Русија ги реализира на украинска територија.
Дефинитивното решение би требало да биде познато некаде кон средината на мај, кога ќе заседава и Централниот Борд на ФИБА.