24.09.2020

Наскоро ќе биде објавено и кои земји ќе бидат организатори на турнирите во ноемврскиот, односно февруарскиот „прозорец“

ФИБА Европа одлучи: И квалификациите за женскиот Евробаскет ќе продолжат во формат на „балони“

Бордот на ФИБА Европа одлучи претстојните прозорци во ноември 2020 и февруари 2021 од квалификациите за Евробаскетот 2021 во женска конкуренција да продолжат во формат на т.н.  „балони“.

Бордот дискутираше и за критериумите за избор на домаќините на „балоните“ за претстојните квалификации на Евробаскет, а по одлуката на Извршниот комитет на ФИБА донесена на во текот на минатата недела.

Секој од „балоните“ кај мажите и жените ќе се состои од екипи од една група (четири екипи или три екипи за некои од женските групи). Ако нема да има домаќин за една од групите, тогаш оваа група ќе биде вклучена и играна во постоечки „балон“.

Истите принципи ќе се применуваат и за групите на Светското првенство во  2023 година, односно за европските претквалификации, закажани за истите временски „прозорци“.

Најважните критериуми при изборот на домаќините ќе бидат гаранции за здравјето и патувањето и усогласеност со здравствените протоколи на ФИБА, вклучително и тестирање и контролиран влез во безбедна средина во градот кој ќе биде во конкуренција за домаќин.

Предност ќе имаат кандидатури од држави кои треба да одиграат два домашни натпревари во претстојните „прозорци“.

„Балоните“ ќе се играат со или без присуство на гледачи, во зависност од ограничувањата на владата на земјата-домаќин на турнирите.

Кандидатурите за домаќини на „балоните“ за квалификациите во машка и женска конкуренција ќе бидат разгледани и потврдени за време на следниот состанок на УО. закажан за 8. октомври.

Според претходно утврдениот календар за натпреварување, нашата женска сениорска репрезентација во ноемврискиот циклус имаше два натпревари. Против селекциитe на Хрватска, на 12. ноември на гостински терен, односно на 15 ноември на домашен терен против селекцијата на Германија.

Во оној февруарскиот, следуваат уште два натпревари. Мечот на гостински терен, против селекцијата на Летонија, на 4.февруари, како и оној на 7.февруари, 2021 кога сме домаќини на репрезентацијата на Хрватска.