03.02.2021

По завршување на регуларниот дел од сезоната, познати и се и најдобрите 16 клубови во ФИБА Евро Купот.

ФИБА ги формираше двојките за ТОП 16 во Евро Купот

По завршување на регуларниот дел од сезоната, познати и се и најдобрите 16 клубови во ФИБА Евро Купот.

Но и „костурот“ по кој ќе се стигне до завршницата на ова второ, според ранкингот, натпреварување на Светската кошаркарска федерација.

Со ждрепка беа формирани двојките за ТОП 16 рундата, а и потенцијалните дуели во четвртфиналето по кои ќе бидат познати учесниците на „Фајнал-фор“ турнирот.

ДВОЈКА 1: Сибиу – Реџо Емилија

ДВОЈКА 8: Дњипро – Орадеа

------------------------------------------------

ДВОЈКА 4: Прометеј – Монс

ДВОЈКА 5: Стал – Ден Бош

------------------------------------------------------

ДВОЈКА 2: Фрибург Олимпик – Балкан

ДВОЈКА 7: Парма – Рилски Спортист

------------------------------------------------------

ДВОЈКА 3: Ираклис – Анвил

ДВОЈКА 6: Нес Зиона - Киев

ТОП 16 рундата во Евро Купот ќе се игра по принцип на елиминациски натпревари, во четири градови-домаќини на т.н. „балони“ во периодот од 23. до 25. март.

Оваа сезона ќе биде затворена со „Фајнал-фор“ турнир кој е предвиден да се игра во април.