16.05.2025

Десет млади македонски судии ќе ја делат правдата на собирот кој од 21.до 26. јули ќе се одржи во нашата земја

ФИБА ги номинираше официјалните лица за Европскиот олимписки младински фестивал

Ова лето, освен организацијата на Европското првенство од Дивизијата „Б“, за кошаркари „Под 16“ години, Македонија ќе биде во улога на домаќин и на Европски олимписки младински фестивал.

А оној кошаркарски сегмент, кој ќе се реализира во периодот од 21. до 26.јули, во Куманово, ќе биде „покриен“ и со голем број на млади македонски судии.

На листата на номинирани судии освен оние со знакот на ФИБА, како Иван Мијалковски и Ема Никочевиќ, се уште и: Дејан Зафировски, Душан Петровски, Стефан Ристовски, Марио Маџовски, Димитар Биноски, Игор Темелков, Зоран Ацески, Иван Ников, Александар Гавриловски и Горазд Зафировски.

Освен тоа, во оној официјален дел е поставен и Димитар Терзовски, кој е дел од делегатскиот кадар на фестивалот, еден од најголемите спортски настани кои ќе бидат одржани во нашата земја во 2025 година, на кој Македонија ќе биде претставена со двете кошаркарски селекции и во машка и во женска конкуренција.