17.02.2021

ФИБА одреди осум судии и два технички делегати за собирот во градот под Урал

ФИБА ги номинираше официјалните лица за турнирот во Перм

Непосредно пред почетокот на „балонот“, познати се судиите и делегатите кои ќе се грижат за регуларноста во последниот круг од натпреварите во „Б“ квалификациската група која од 18. до 22. февруари ќе се игра во Перм.

ФИБА одреди осум судии и два технички делегати за собирот во овој град под Урал.

Судиската правда на одлучувачките битки за пласман на Евробаскетот 2022 ќе ја делат:

Томас Јасевичиус, Гвидас Гедвилас (Литванија), Јенер Јилмаз, Зафер Јилмаз (Турција), Александер Деман (Франција), Карстен Штраубе, Стив Битнер (Германија) и Зденко Томасовиќ (Словачка).

Делегати на овие натпревари се: Раса Лиуимиене (Литванија) и Андреј Јелен (Словенија).

 

Распоред на натпревари на нашиот национален тим во Перм:

18. февруари: Италија – Македонија (15.30)

19. февруари: Македонија – Русија (15.30)

21. февруари: Македонија – Италија (13.00)

22. февруари: Естонија – Македонија (15.00)