23.05.2025

Во 2029 година Европското првенство ќе се игра во Шпанија, Грција, Словенија и Естонија

ФИБА ги објави организаторите на наредниот Евробаскет

Како дел од тродневната агенда во организација на ФИБА-Европа во Рига, поточно по седницата на Бордот, и официјално беа објавени имињата на земјите-организатори на наредното Евробаскет, оној кој ќе се одржи во 2029 година.

На настанот на кој присуствуваа и водечките луѓе на нашата федерација, потпреседателот Младен Ѓуроски и генералниот секретар Томче Стојчевски, многу причини за задоволство и радост имаа претставниците на националните федерации на Шпанија, Грција, Словенија и Естонија, кои ќе ја делат организацијата на наредниот самит на најдобрите кошаркари од Стариот континент.

Натпреварите ќе се играат во главните градови, односно во Мадрид, Атина, Љубљана и Талин, додека завршницата на Евробаскетот ќе се игра во шпанската престолнина.