14.07.2017

ФИБА ги објави учесниците во Европа Купот, Работнички учесник од Македонија

Вчерашниот ден беше последниот за испраќање на пријава за учество во Европа Купот кој е под организациската палка на ФИБА, па така денес, светската куќа на кошарката ги објави клубовите кои наредната сезона (2017/2018) ќе се борат за учество во ова клупско натпреварување. Единствен македонски клуб кој испрати пријава е најтрофејниот кошаркарски колектив Работнички, кој се најде во ’шеширот’ на клубови-носители.

По откажување на Јесил Гиресун, во квалификациските рунди останува 31 клуб кој ќе се бори за место во десетте натпреварувачи-квалификанти за наредната сезона.

Во првата квалификациска рунда (Q1) се сместени 22 клубови од кои точно половина ќе им  се приружат на деветте кои ги чекаат во втората квалификациска рунда (Q2). Во втората квалификациска рунда ќе бидат формирани 10 парови. Победниците од овие 10 пара ќе обезбедат пласман во регуларниот дел од ФИБА Европа Купот. На нив ќе им се приклучат и 22 екипи кои нема да обезбедат пласман во регуларниот дел од Лигата на шампиони.

Првиот натпревар од Q1, македонскиот учесник Работнички ќе го одигра на 20. септември (среда) на гостински терен додека реваншот на домашен терен ќе се одигра седум дена подоцна. Натпреварите од втората квалификациска рунда ќе бидат одиграни на 4. октомври односно на 11. октомври.

Ждребот за паровите од квалификациските рунди ќе биде одржан во Минхен, но датумот дополнително ќе биде одреден.


ШЕШИРИ ЗА ЖДРЕБ ЗА ФИБА ЕВРОПА КУП

Q1
Балкан Ботевград (Бугарија)
Сохуми (Грузија)
Св. Оливер Вирцбург (Германија)
Солнок Олај (Унгарија)
КР (Исланд)
Бнеи Херзлија (Израел)
Невезис (Литванија)
Сибиу (Русија)
Парма (Русија)
КФУМ Борас Баскет (Шведска)
Бујукчекмече (Турција)
 

Q1 – носители
Белфиус Монс-Хаино (Белгија)
Рилски Спортист (Бугарија)
Пардубице (Чешка)
Тарту (Естонија)
Егис Корменд (Унгарија)
РАБОТНИЧКИ (Македонија)
Слам Стал Остров (Полска)
Орадеа (Романија)
Бујуксехир (Турција)
Трабзонспор (Турција)
Днипро (Украина)

Q2 – носители
Проксимус Спиро Баскет (Белгија)
Берое (Бугарија)
Петролина АЕК Ларнака (Кипар)
Ле Портел (Франција)
Фалко Сомбатели (Унгарија)
ФЦ До Порто (Португалија)
Стеауа Букурешт (Романија)
Содерталје (Шведска)
Химик (Украина)