Искусниот Русин се најде во идеалната петорка на второто коло од квалификациите за ЕП 2021...
Една од причините за нашиот пораз во Перм во дуелот со Русија дефинитивно беше и Виталиј Фридзон.
Еден од најискусните руски репрезентативци имаше своја вечер на средбата во „Молот“ Арената. За 27.минути во игра, реализираше 23.поени, имаше и седум скока, односно четири асистенции и една блокада.
Се заедно за индекс-29, и доволно ФИБА да го вметне во изборот на најдобрата петорка на второто коло од квалификациите за ЕП 2021.
Освен Русинот, во друштво на најдобрите пет се и двајца репрезентативци н Грузија, Тадеус Мекфејден односно Гиорги Шермандини, одличниот бек на Белгија, Џонатан Табу, како и бекот-шутер на литванската селекција, Еимантас Бендзиус.
Некогашниот играч на Карпош Соколи собра и најмногу индексни поени – 31, за она што го направи во победата на неговата селекција против Србија (94:90) на гостински терен во Белград.
ПЕТОРКА НА КОЛОТО
(ВТОР КРУГ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2021)
Тадеус Мекфејден (Грузија)
33.поени, 7.асистенции, 53% на реализација – индекс - 31
Џонатан Табу (Белгија)
22.поени, 8.скока, 7.асистенции – индекс - 30
Витали Фридзон (Русија)
23.поени, 7.скока, 4.асистенции – индекс - 29
Еимантас Бендзиус (Литванија)
26.поени, 6/9 за три поени, 4.скока – индекс – 29
Гиорги Шермандини (Грузија)
23.поени, 11.скока, 64% реализација од поле – индекс - 29