07.08.2019 Седум арбитри и тројца делегати со ФИБА значка Кошаркарската федерација на Северна Македонија изминатиот месец март номинира осум арбитри и тројца делегати за периодот 2019-2021 за лиценцирање во ФИБА откако првично беа одобрени само пет места за номинирање на кандидати. Номинираните кандидати од страна на КФСМ во периодот што измина беа подложени на неколку тестови за англиски јазик, правила на кошаркарска игра како и физички тест, за здобивање на статусот меѓународен судија или меѓународен делегат. На пријавените Ѓорѓи Пиперков, Владо Цветковски и Димитар Терзовски одобрени им се лиценците за меѓународни делегати. Иван Мијалковски и Томи Панов се здобија со бела лиценца за периодот 2019-2021 додека Алија Феревски, Александар Милојевиќ, Игор Митровски, Зоран Митровски и Александер Павлов се здобија со црна лиценца.