Откако пред неколку дена стана јасно кои екипи ќе учествуваат во наредното издание на Лигата на Шампионите, од седиштето на ФИБА во Мие стигна информација која вели дека се одредени и носителите на групите за претстојната ждрепка со која треба да се детерминираат двојките за квалификациите и групите за оној регуларeн дел од сезоната.
Ќе се реализира на 15.јули (среда) во салата „Патрик Бауман“ во Мие. Настан за кој сериозно се заинтересирани вкупно 16.клубови кои ќе бидат дел од квалификациите, и уште 28. тима кои обезбедија директен пласман во оној регуларен дел од петтото издание на Лигата на Шампионите.
КВАЛИФИКАЦИСКА РУНДА
Вкупно 16. клубови се поделени во четири „јакосни групи“. Од нив ќе бидат одредени осум натпреварувачки двојки кои ќе бидат дел од првото елиминациско коло кое ќе се игра по стандарден формат. Два натпревари (дома/гости) на вкупен број на поени, на 15, односно на 18.септември
1.НОСИТЕЛ: Анвил Влоцлавек, Гронинген, Фрибург Олимпик, Нептунас
2.НОСИТЕЛ: Бакен Беарс, Керавнос, Цмоки-Минск, Клуж-Напока
3.НОСИТЕЛ: Балкан, Хапоел Тел Авив, Игокеа, Ираклис
4.НОСИТЕЛ: Дњипро, Монс, Лондон Лајонс, Спортинг
Системот на ждребување е таков што екипите од третата група на носители ќе разигруваат со оние од втората, односно оние од првата група со четвртата. Победниците од осумте двомеча ќе играат во второто квалификациско коло кое ќе се игра на 22 и на 25. септември. И најдобрите четири ќе влезат во оној регуларен дел од „костурот“ на ФИБА Лигата на шампионите.
РЕГУЛАРНА СЕЗОНА
Дваесет и осум клубови се квалификуваа директно во регуларниот дел од сезоната во ФИБА Лигата на Шампионите. Ќе им се придружат уште четирите најдобри од двете квалификациски кола.
Заедно ќе формираат лига од 32. клубови-учесници.
Овие 28. клубови се поделени во осум јакосни групи одредени според клупскиот рејтинг, како и бодувањето на ФИБА Лигата на Шампиони по земји.
1.НОСИТЕЛ: АЕК, Нимбурк, Хапоел Ерусалим, Тенерифе
2.НОСИТЕЛ: Бросе Бамберг, Остенде, Нижњи Новгород, Стразбур
3.НОСИТЕЛ: Динамо Сасари, Хапоел Холон, Дижон, Турк Телеком
4.НОСИТЕЛ: Сарагоса, Перистери, Пинар Каршијака, Сан Пабло Бургос
5.НОСИТЕЛ: Фалко Шомбатели, Бридизи, Билбао, ВЕФ Рига
6.НОСИТЕЛ: Шоле, Галатасарај, Лимож, Тофаш
7.НОСИТЕЛ: Дарушафака, Фортитудо Болоња, Ритас Вилнус, Старт Лублин
8.НОСИТЕЛ: Квалификант-1, Квалификант-2, Квалификант-3, Квалификант-4
Ќе се игра во четири групи (со по осум клубови-учесници), по „Раунд-робин“ системот (секој со секого, дома/гости).
Регуларниот дел од сезоната во ФИБА Лигата на Шампионите ќе стартува на 13.октомври.