Особено богато и пред се работно ќе биде и летото 2024 година, во поглед на обврските кои ги имаат нашите официјални лица со знакот на Светската кошаркарска федерација – ФИБА.
Нашите судии, делегати и инструктори добија номинации за вкупно 12. натпреварувања кои ги организира ФИБА, а се дел од Европските младински шампионати кои ќе бидат реализирани во наредниот период.
Попрецизно, нашата федерација доби 15. поединечни номинации, од нив вкупно 11. се од оној судиски сегмент, една номинација е делегатска, една како главен делегат, и две инструкторски, од кои една е за нашиот национален ФИБА инструктор Ѓорѓи Пиперков, а се однесува на Европското првенство за кошаркари „Под 18“ години, кое го организира нашата федерација, и ќе се одржи во периодот од 26.јули до 4.август во Скопје.
Македонската кошаркарска федерација ќе биде домаќин и на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години, кое од 8. до 17. август ќе се одржи во нашиот главен град.

НОМИНАЦИИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ОФИЦИЈАЛНИ ЛИЦА СО ЗНАКОТ НА ФИБА
ЕВРОПСКИ ПРВЕНСТВА „ПОД 20“- МАЖИ
*На Европското првенство од Дивизијата „А“ за кошаркари „Под 20“ години кое од 13. до 21. јули ќе се одржи во Гдиња (Полска), ќе суди Игор Митровски.
*На Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 20“ години кое од 12. до 21. јули ќе се одржи во Питешти (Романија), ќе суди Томи Панов.
ЕВРОПСКИ ПРВЕНСТВА „ПОД 20“- ЖЕНИ
*На Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркарки „Под 20“ години кое од 6. до 14. јули ќе се одржи во Софија (Бугарија), ќе судат Зоран Митровски и Андреј Златевски.
ЕВРОПСКИ ПРВЕНСТВА „ПОД 18“- МАЖИ
*На Европското првенство од Дивизијата „А“ за кошаркари „Под 18“ години кое од 27.јули до 4.август ќе се одржи во Тампере (Финска), во улога на делегат е Владо Цветковски.
*На Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 18“ години кое од 26. до 4.август ќе се одржи во Скопје (Македонија), ќе судат Алија Феревски и Иван Мијалковски, додека за судиски инструктор е номиниран Ѓорѓи Пиперков.
*На Европското првенство од Дивизијата „Ц“ за кошаркари „Под 18“ години кое од 23. до 28.јули ќе се одржи во Елбасан (Албанија), ќе суди Зоран Митровски.
ЕВРОПСКИ ПРВЕНСТВА „ПОД 18“- ЖЕНИ
*На Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркарки „Под 18“ години кое од 2. до 11.август ќе се одржи во Плоешти (Романија), ќе суди Ема Никочевиќ.
*На Европското првенство од Дивизијата „Ц“ за кошаркарки „Под 18“ години кое од 23. до 28.јули ќе се одржи во Приштина (Косово), ќе суди Игор Митровски.
ЕВРОПСКИ ПРВЕНСТВА „ПОД 16“- МАЖИ
*На Европското првенство од Дивизијата „А“ за кошаркари „Под 16“ години кое од 9. до 17.август ќе се одржи во Ираклион (Грција), ќе суди Зоран Митровски.
*На Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години кое од 8. до 17.август ќе се одржи во Скопје (Македонија), ќе суди Андреј Златевски.
*На Европското првенство од Дивизијата „Ц“ за кошаркари „Под 16“ години кое од 9. до 14. јули ќе се одржи во Тирана (Албанија), во улога на главен делегат е Петар Денковски.
ЕВРОПСКИ ПРВЕНСТВА „ПОД 16“- ЖЕНИ
*На Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркарки „Под 16“ години кое од 15. до 24.август ќе се одржи во Коња (Турција), во улога на судиски инструктор е Петар Денковски.