Особено богато и пред се работно ќе биде и летото 2025 година, во поглед на обврските кои ги имаат нашите официјални лица со знакот на Светската кошаркарска федерација – ФИБА.
Нашите судии, делегати и инструктори добија номинации за вкупно девет натпреварувања кои ги организира ФИБА, а се дел од Европските младински шампионати кои ќе бидат реализирани во наредниот период.
Попрецизно, нашата федерација доби 11. поединечни номинации, од нив вкупно осум, се од оној судиски сегмент, една номинација е делегатска, а две инструкторски.
Како што е познато, Македонската кошаркарска федерација ќе биде домаќин и на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години, кое од 7. до 16. август ќе се одржи во нашиот главен град.
НОМИНАЦИИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ОФИЦИЈАЛНИ ЛИЦА СО ЗНАКОТ НА ФИБА
ЕВРОПСКИ ПРВЕНСТВА „ПОД 20“- МАЖИ
*На Европското првенство од Дивизијата „А“ за кошаркари „Под 20“ години кое од 12. до 20. јули ќе се одржи во Ираклион (Грција), во улога на ФИБА инструктор ќе биде Петар Денковски.
Денковски ќе биде одговорен за работата на судиите и на ЕП од Дивизијата„ Б“ за кошаркарки „Под 20“ години, кое од 2. до 10.август ќе биде реализирано во Мишколц (Унгарија).
*На Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 20“ години, кое од 11. до 20. јули ќе се одржи во Ереван (Ерменија), а на кој ќе учествува и нашиот младински национален состав, ќе суди Андреј Златевски.
ЕВРОПСКИ ПРВЕНСТВА „ПОД 18“- МАЖИ
*На Европското првенство од Дивизијата „А“ за кошаркари „Под 18“ години кое од 26.јули до 3.август ќе се одржи во Белград (Србија), а на кое ќе настапи и нашиот национален тим, судиска обврска ќе има нашиот најдобар судија, Игор Митровски.
ЕВРОПСКИ ПРВЕНСТВА „ПОД 18“- ЖЕНИ
*На Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркарки „Под 18“ години кое од 4. до 13.јули ќе се одржи во Алитус и Вилнус (Литванија), а на кое ќе игра и нашиот женски јуниорски нациинален тим ќе суди Алија Феревски.
*На Европското првенство од Дивизијата „Ц“ за кошаркари „Под 18“ години кое од 19. до 27.јули ќе се одржи во Драч (Албанија), ќе суди Зоран Митровски.
ЕВРОПСКИ ПРВЕНСТВА „ПОД 16“- МАЖИ
*На Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години кое од 7. до 16. јули ќе се одржи во нашиот главен град- Скопје, во оној судиски дел ќе имаме два претставници, Зоран Митровски и Иван Мијалковски.
ЕВРОПСКИ ПРВЕНСТВА „ПОД 16“- ЖЕНИ
*На Европското првенство од Дивизијата „А“ за кошаркарки „Под 16“ години кое од 15. до 23.август ќе се одржи во Питешти (Романија), еден од делегатите ќе биде и Владо Цветковски.
*На Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркарки „Под 16“ години кое од 20. до 29.август ќе се одржи во Истанбул (Турција), ќе судат Зоран Митровски и Ема Никочевиќ.