Освен официјалните термини за одигрување на квалификациските натпревари за Светскиот куп 2023 во рамките од групата „Г“ познати се и официјалните лица за „двомечот“ со Грузија.
На 24. февруари, од 16.часот по локално време во Тбилиси, ќе ни суди тројката Мартинс Козловскис (Летонија), Илијас Кунелис (Кипар) и Петр Хруша (Чешка).
Три дена подоцна, во Скопје, од 20.часот на центарот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе бидат Мартин Хорозов (Бугарија), Гатис Салинс (Летонија) и Ивор Матејек од Чешка.
Две ФИБА номинации за Игор Митровски
Во овој февруарски циклус од квалификациите за СК 2023, обврски има и Игор Митровски.
Нашиот најдобар судија за 2021 година, е номиниран да биде дел од судиската тројка на натпреварот кој на 25 февруари, во Монс, ќе го играат Белгија и Летонија
Три дена подоцна, Митровски ќе арбитрира и на натпреварот Велика Британија-Белорусија кој се игра во Њукасл.