24.12.2020

Натпреварите во шестте групи ќе се играат во одвоени градови-домаќини, во периодот од 26. до 29. јануари, 2021 година.

ФИБА ги одреди организаторите на „балоните“ во Евро Купот

На нешто повеќе од еден месец од официјалниот почеток, регионалната канцеларија на ФИБА ги одреди и градовите-домаќини на групната фаза од регуларниот дел од Евро купот.

Следејќи го новиот, изменет формат, натпреварите во шестте групи ќе се играат во посебен град-домаќин, во периодот од 26. до 29. јануари, 2021 година.

Потврдени организатори се Хертогенбош (Холандија) за групите „А“ и „ф“, Самоков (Бугарија) за натпреварите од групата „Б“. Групата „Д“ ќе се игра во Истанбул, додека пак Влоцлавек ќе ги нагости екипите од групата „Е“.

Локацијата на „балонот“ во групата „Ц“ ќе биде одредена во наредните денови.

Најдобрите две екипи од секоја од шесте групи, плус четирите најдобри кои ќе завршат на третата позиција, ќе обезбедат пласман во ТОП 16 рундата, која исто така ќе се игра во четири издвоени градови.

Најдобрите четири ќе обезбедат место на „Фајнал-форот“ кој е планирано да се игра од 23. до 25. април.

 

РЕГУЛАРНА СЕЗОНА ВО ФИБА ЕВРО КУП 2020/2021

ГРУПА А (ХЕРТОГЕНБОШ): Монс, Ираклис, Егис Керменд, Реџо Емилија

ГРУПА Б (САМОКОВ): Киев Баскет, Рилски Спортист, Кафенберг, Прометеј

ГРУПА Ц (ДОПОЛНИТЕЛНО): Шолноки, Спортинг, Ирони Нес Зиона, Стал

ГРУПА Д (ИСТАНБУЛ): Орадеа, Сибиу, Балкан, Бешикташ

ГРУПА Е (ВЛОЦЛАВЕК): Анвил, Фрибург Олимпик, Дњипро, Лондон Лајонс

ГРУПА Ф (ХЕРТОГЕНБОШ): Парма, Ден Бош, Гронинген, Борисфен