02.11.2020

Нашите најдобри кошаркарки ќе играат во попладневен термин, од 15.30 часот

ФИБА ги одреди термините на турнирот во Рига

Нашата женска сениорска репрезентација ја чека квалификацискиот турнир за ЕП 2021 година кој ќе биде реализиран во периодот од 12. до 14. ноември во Рига.

А на десетина дена пред официјалниот старт, познати се и термините на одигрување на натпреварите од „И“ групата во т.н. „балон“ во главниот град на Летонија.

Првиот натпревар на собирот во Рига, против селекцијата на Хрватска, избраничките на селекторот Владимир Ѓоровиќ ќе го одиграат од 15.30 часот. Вториот е закажан за 18.45 часот, а ќе разигруваат Германија и Летонија.

Нашите девојки ќе играат во истиот термин, 15.30 часот, и на вториот натпреварувачки ден, на 14.ноември, во кој за противник ја имаме селекцијата на Германија.

Турнирот во Рига ќе биде затворен со средбата Хрватска-Летонија која стартува во 18.45 часот.