Нашата сениорска репрезентација ја чека квалификацискиот турнир за ЕП 2022 година кој ќе биде реализиран во периодот од 28. до 30. ноември во Талин.
А на нешто повеќе од две недели пред официјалниот старт, познати се и термините на одигрување на натпреварите од „Б“ групата во т.н. „балон“ во главниот град на Естонија.
Првиот натпревар на собирот во Талин, против селекцијата на Италија, избраниците на селекторот Александар Тодоров ќе го одиграат од 16. часот. Вториот меч од првиот натпреварувачки ден е закажан за 20.30 часот, а ќе разигруваат селекциите на Естонија и на Русија.
На вториот натпреварувачки ден од турнирот кој ќе се игра во Арената „Саку Сурхал“, момците во „црвено-жолта“ комбинација ќе играат против домаќинот. Таа средба е предвидена да стартува од 20.30 часот. Неколку часа порано, од 16. часот, ќе играат селекциите на Русија и на Италија.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА ТУРНИРОТ ВО ТАЛИН
28. НОЕМВРИ (САБОТА)
16.00: Италија - МАКЕДОНИЈА
20.30. Естонија – Русија
30. НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)
16.00: Русија - Италија
20.30: Естонија - МАКЕДОНИЈА